Sunday, March 31, 2013

Желатина


Желатината е производ од животинско потекло. Претставува препарат кој е полимеризат на аминокиселини кои се врзани со пептидни мостови.
Се добива со хидролиза на животински колаген и ако се обработи со оксална киселина се гелира на ниски температури.
Се употребува посебно обработен желатин со релативна молекуларна маса од 35.000 до 40.000, во концентрација од 3,5 % (3 – 4 %) со натриум хлорид изотонизиран инфузиски раствор.
Ако пак желатинот на посебен начин се обработува со глиоксал (оксалалдехид) се добива еден комплекс оксиполижелатина, со релативна молекуларна маса од 20.000 до 27.000 во концентрација од 5%.
Желатинот во организмот се задржува 24 часа, а потоа се разградува.
Дејство: плазма – супституент.
Индикации: состојби со низок циркулирачки волумен.
Дозирање: во почетокот 500 – 1.000ml, во i.v. инфузија.
Несакани дејства: несаканите дејства и предупредувањата како кај декстранот.
Готови лекови:
GELOFUSINE – ГЕЛОФУЗИН(B. Braun Melsungen), 4% желатина.

Инфузии за надоместување на крв и крвна плазма (плазма експандери)


Претставуваат стерилни водени раствори на макромолекуларни органски соедниненија од природно, полусинтетичко или синтетичко потекло.
Загубата на крв од минимум 10% веќе причинува нарушување на рамнотежата на голем број фактори во организмот, концентрацијата на солите, односно јоните, опаѓањето на притисокот итн.
Од овие причини секоја загуба на крв поголема од 10% мора да се надополни исклучително со крв.
За одржување на нормалната зафатнина на крвта во организмот, кога загубата е помала од 10% денес се изработуваат, аплицираат, колоидни раствори, кои имаат ист или сличен осмотски притисок како и серум протеините, чија релативна молекуларна маса изнесува преку 30.000.
Колоидните супстанции што се употребуваат мора да ги исполнуваат следниве услови:
·    релативна молекуларна маса меѓу 40.000 и 70.000
·    не помалку од 10% да имаат помала молекулска маса од 25.000
·    не повеќе од 10% да имаат поголема молекулска маса од 200.000
На телесна температура крвниот систем поседува еден осмотски притисок од 0,65 до 0,8 MPa (6,6 – 8 атмосфери) кој е зависен од вкупните растворливи молекули и јони.
 Како плазма експандери, раствори на макромолекули, најчесто се употребуваат супстанции со различно потекло:
·    животинско               Gelatina (посебно обработена)
полусинтетичко         Dextran 40, 60, 70, 110

Инфузии

Инфузиите претставуваат еднодозни големозафатнински, течни парентерални препарати. Тие претставуваат стерилни, водени раствори или емулзии со вода, како надворешна фаза, на една или повеќе активни супстанци.

Инфузиите се изработуваат така што треба да бидат изотонични со крвта и со pH блиска со крвта. Се употребуваат како големозафатнински парентерални течни препарати.
Се пакуваат во зафатнина од 125, 250, 300, 500 и 1.000ml. Не смеат да содржат какви и да било антимикробни помошни заштитни средства. Инфузиите кои се во облик на емулзии несмеат да покажуваат било какви раздвојувања на фазите. Тие се разликуваат од инјекциите по тоа што се аплицираат во големи волумени, капка по капка, доколку се во облик на  суспензии несмеат да се аплицираат i.v., несмеат да содржат конзерванси бидејќи се аплицираат во го
леми количини, а конзервансите во големи количини се токсични.

Парентерални препарати


Парентералните течни фармацевтски препарати претставуваат релативно, нови тераписки облици. Причините за ова пред се се во научното спознавање на системот на крвотокот, како и осознавањето на микробиолошката контаминираност, односно стерилност.
Самото име парентерално потекнува од грчките зборови par enteron, што во превод значи, покрај цревата, односно апликација и абсорпција која не се изведува низ гастроинтестиналниот тракт.
Инфузиите претставуваат еднодозни големозафатнински, течни парентерални препарати кои се развија од малозафатнинските, а комерцијално почнаа да се произведуваат од триесеттите години на овој век. Тие денес претставуваат значителен дел од индустриското производство на лекови. Парентералната терапија, исхраната, филтрирањето на крвта, односно детоксикацијата на организмот, па се до посериозните научни достигнувања во можното производство на вештачка крв се само дел на применливоста на инфузиските раствори во современата терапија.
Голем удел имаат плазма експандерите како и инфузиите за надополнување на изгубената течност, благодарение на развојот на медицинската наука, хемијата и технологијата на индустриско производство на стерилните раствори,тие денес имаат многу поширок обем на примена