Желатината е производ од животинско
потекло. Претставува препарат кој е полимеризат на аминокиселини кои се врзани
со пептидни мостови.
Се добива со хидролиза на животински
колаген и ако се обработи со оксална киселина се гелира на ниски температури.
Се употребува посебно обработен
желатин со релативна молекуларна маса од 35.000 до 40.000, во концентрација од
3,5 % (3 – 4 %) со натриум хлорид изотонизиран инфузиски раствор.
Ако пак желатинот на посебен начин се
обработува со глиоксал (оксалалдехид) се добива еден комплекс оксиполижелатина,
со релативна молекуларна маса од 20.000 до 27.000 во концентрација од 5%.
Желатинот во организмот се задржува
24 часа, а потоа се разградува.
Дејство: плазма
– супституент.
Индикации:
состојби со низок циркулирачки волумен.
Дозирање: во почетокот 500 –
1.000ml, во i.v. инфузија.
Несакани
дејства: несаканите дејства и предупредувањата како кај
декстранот.
Готови
лекови:
GELOFUSINE – ГЕЛОФУЗИН(B. Braun Melsungen), 4%
желатина.
No comments:
Post a Comment